Спремете се за жолта пролет!
Објавено: 25 февруари, 2013, во 11:19 часот
Освен сонцето, пролетта ќе донесе топло освежување кога модата е во прашање. Еден од најголемите модни трендови оваа сезона ќе биде жолтата боја.
Таа претставува светлост, топлина, позитивност, поттикнува добро расположение и е многу впечатлива. Изминатата година исто така беше во тренд, но пастелните и неонските нијанси ја однесоа во втор план. Оваа пролет дизајнерите и дадоа уште една шанса, па на своите ревии и дадоа големо внимание – Diane von Furstenberg, Roksanda Ilinchich, Michael Kors, Moschino, Gucci, Fendi, Dior, како и Alexander McQueen.
Жолта боја носат храбрите жени , па не дозволувајте вашата интерпретација на жолта комбинација да заостане. Направете чекорнапред и осудете се да прошетате во долг жолт фустан кој е идеален за топлите заводливи ноќи.

