Сандачиња за поплаки и жалби во велешката болница!
Ќе бидат поставени на сите одделенија, во понеделник, со цел во нив пациентите да ги пуштат сите сугестии, предлози и жалби за лекарите, медицинските сестри, техничари, лаборанти и болничари.
Сандачињата треба да ги соберат и идеите на велешани за подобрување на здравствените услуги и услови за лекување во јавното здравство.
Сандачињата ќе бидат поставени токму кога во велешката болница ќе дојде министерот за здравство Никола Тодоров со преставници на министерството и стручњаци од повеќе медицински области. Министерот и претставниците на министерството пет дена ќе ја надгледуваат работата на оваа јавна здравствена институција во Велес. Тие ќе прават анализа на финансовата работа на болницата, на опременоста со медицински апарати како и на обученоста и подготвеноста на медицинскиот кадар да се носи со одговорноста што ја има на работното место.