Неколку чекори до “принт” нокти
Објавено на 18 февруари, 2016 во 07:34
Едноставен начин како да дојдете до интересен дизајн кој нема да ве чини ни време ни пари, а ќе изгледате оригинално. Потребни ви се само 5 чекори:
1. Исечете делчиња од весник поголеми од вашите нокти.
2. Лакирајте ги ноктите со светол лак.
3. Кога ноктите ќе бидат суви, потопете ги околу 5 секунди во 70% алкохол.
4. Држете ги притиснати така намокрените нокти со делчињата од весник околу 15 секунди, а потоа внимателно полека вадете ги.
5. Откако малку ќе се засуши испринтаниот слој, намачкајте ги ноктите со безбоен лак.