Неколку чекори до “принт” нокти

Објавено на 18 февруари, 2016 во 07:34

Едноставен начин како да дојдете до интересен дизајн кој нема да ве чини ни време ни пари, а ќе изгледате  оригинално. Потребни ви се само 5 чекори:

1. Исечете делчиња од весник поголеми од вашите нокти.

2. Лакирајте ги ноктите со светол лак.

3. Кога ноктите ќе бидат суви, потопете ги околу 5 секунди во 70% алкохол.

4. Држете ги притиснати така намокрените нокти со делчињата од весник околу 15 секунди, а потоа внимателно полека вадете ги.

5. Откако малку ќе се засуши испринтаниот слој, намачкајте ги ноктите со безбоен лак.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.