За околу 92 проценти од работниците во државата недела ќе биде ден на неделен одмор

Објавено на 17 јуни, 2021 во 11:05

„Недела, ден на неделен одмор е  предизборно ветување и вградено во Владината програма. Тоа претставува испорачување на баланс помеѓу професионалниот и приватниот живот на работниците. Само за дејностите кои се неопходни за функционирање на државата ќе има исклучоци и тоа се четириесетина  дејности. Оние работници кои ќе работат во недела ќе добиваат дневница за најмалку 50% додаток на редовната дневница и ден за неделен одмор во следните седум  дена“, посочи министерката Шахпаска во гостување во емисијата „Што мисли Народот“ на Телевизија Стар.​

Министерката потенцираше дека за ова законско решение заедно со социјалните партнери се дискутираше шест месеци и беа одржани пет седници на Економско социјалниот совет.

„Заедно со Организацијата на работодавачи, Сојузот на синдикати, репрезентативните и не репрезентативните синдикати, Сојузот на стопански комори, отворено разговаравме за сите прашања и имавме слух за сите засегнати страни. Притоа, неопходна беше измена и во Законот за трговија и работата на моловите, каде  како предуслов да работат во недела беа поставени скратено работното време, слободен ден за неделен одмор и 100% дневница.

Таа нагласи дека само 30% од работниците кои се во дејностите кои се исклучоци ќе работат во недела. Тоа се само 8% од вкупниот број на работници, што значи дека 92% од работниците во државата нема да работат во недела.

Ова законско решение предвидува и  2% од прометот да биде уплатен во Буџетот за изградба на детски градинки.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.