Еден потврдено позитивен ковид пациент во велешка болница
Објавено на 28 јуни, 2021 во 16:10
Вкупно тројца пациенти се наоѓаат на болничко лекување во Општа болница Велес. Од нив само еден е потврдено позитивен додека останатите двајца се сомнителни и токму тие се згрижени на Инфективното одделение.
Пациентот што е потврден дека е носител на ковид-19 лежи на Интерно одделение во велешка болница, во одделот за ковид пациенти затоа што има потреба и од интернистичко лекување.
Стефани Манева