МОН:Реформата стартува од први септември со нови наставни материјали и дигитални учебници
Реформата во основното образование почнува со новата учебна година во прво и четврто одделение, за што се прават сите потребни подготовки, информираат од министерството за образование.
-Наставата за прво одделенците и за четврто одделенците од први септември ќе тече по новата Концепција, со новите материјали за учење за што сме сигурни дека ќе дадат подобри резултати кај учениците. Дополнително ја информираме јавноста дека сите подготовки се одвиваат според планот и утврдената динамика. Наставните програмите се веќе донесени. Во постапка е набавката на 10 илјади таблети. Тече подготовката на материјалите за учење за прво одделение кои треба да се готови до крајот на јули, а првата половина на август првите дигитални учебници треба да бидат сосема готови и да се дистрибуираат до училиштата, стои во соопштението на МОН.
Дополнително се набавуваат кабинети за природни науки за 265 училишта. Овие кабинети се за погорните одделенија, но важно е училиштата да се подготвени за имплементацијата на реформскиот процес кој ќе се спроведува во следните 5-6 години.