Филипче: Благодарност до Турција за значајната донација на вакцини

Објавено на 15 јули, 2021 во 11:50

Соработката со Македонско – Турската стопанска комора во Македонија- Матто е значајна за Македонскиот здравствен систем низ годините. На состанокот со управниот одбор на кој присуствував имав можност директно да се заблагодарам за помошта и поддршката која што многу компании членки стопанската комора во Македонија – Матто ја дадоа во време на пандемијата во средства и опрема, информира министерот за здравство, Венко Филипче на својот Фејсбук профил.

Според него, на неодамнешната средба со Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган и претседателот на Македонско – Турската стопанска комора Ајдован Адемоски разговарале како може да се искористат сите можности за економски развој како и за значајната донација на вакцини која ја добивме од Република Турција, а кои веќе се аплицирани на нашите граѓани.

-Новиот закон за партнерство кој треба да помине следната недела а кој нуди многу перспективи за економски развој ќе биде значаен за идниот менаџмент на било каква идна состојба поврзана со ковидот, како и со унапредување на целокупната здравствена услуга за граѓаните, истакна министерот.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.