Најмногу вакцинирани има во Кавадарци, а најмалку во Кичево

Објавено на 20 јули, 2021 во 14:45

Министерството за здравство информира дека на територијата на цела држава барем една доза вакцина досега примиле 27,5% од граѓаните.

Последните анализи покажуваат дека најголем процент на вакцинирани граѓани има во Кавадарци 43,5%, потоа следи Охрид со 42,9% и Гевгелија со 41%. Најмал процент на вакцинирани граѓани бројат следниве населени места: Дебар со 17,3% , Тетово со 17,1% и Кичево со најмал процент на вакцинирани граѓани 15,8%.

Состојбата на вакцинирани граѓани во останатите градови е следна:

Ресен 39,8%

Битола 38, 9%

Неготино 38%

Штип 37,2%

Пехчево 36%

Велес 31%

Демир Хисар 30,9%

Берово 30,9%

Скопје 30,8%

Валандово 30,6%

Прилеп 30,3%

Пробиштип 29,7%

Крушево 28,3%

Koчани 25,3%

Свети Николе 25,2%

Делчево 24,9%

Виница 24,5%

Крива Паланка 23,9%

Радовиш 23,2%

Струга 23,1%

Куманово 21,2%

Струмица 19,4%

Кратово 18,9%

Македонски Брод 18,2%

Гостивар 17,8%

Министерот за здравство Венко Филипче на денешната прес конференција за медиумите порача дека вакцините се ефикасни и безбедни и дека единствениот начин да не бидеме затворени и да се вратиме на старите навики е што поголем број на вакцинирани граѓани, само така може да се придонесе до создавање на колективен имунитет и совладување на пандемијата.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.