Хеликоптерите ќе полнат гориво во близина на критичните точки
Објавено на 7 август, 2021 во 16:11
Министерката за одбрана Радмила Шекеринска денеска информираше дека хеликоптерите кои учествуваат во гаснењето на пожарите ќе полнат гориво на импровизиран хелиодром во близина на Берово.
– Ја зголемивме ефикасноста и брзината на делување на сите воздухоплови – Армијата обезбеди полнење гориво во хеликоптерите во непосредна близина на критичните точки. На импровизиран хелиодром хеликоптерите слетуваат, полнат гориво, успеваат во близина да обезбедат вода од акумулациите и веднаш можат да се вратат на терен. Тоа многу го крати времето за интервенција – соопшти Шекеринска преку Фејсбук.