Временска прогноза: Значително потопло време за овој период од годината

Објавено на 13 септември, 2021 во 08:51

Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб слаб до умерен, а во северниот дел од Повардарието и засилен ветер од северен правец. Во планинските подрачја можна е ретка појава на краткотраен дожд.Минималната температура ќе биде во интервал од 8 до 17, а максималната ќе достигне од 26 до 32 степена. УВ=6

Во Скопје, сончево со мала облачност и со умерен до засилен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 12, а максималната ќе достигне до 31 степен.

Во наредните денови следува период на значително потопло време за овој период од годината.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.