Во велешка болница хоспитализирани 54 ковид пациенти, повеќе од половината вакцинирани
Објавено на 25 октомври, 2021 во 14:14
Во Општа болница Велес вкупно се хоспитализирани 54 пациенти од нив двајца се сомнителни и тројца пациенти се со негативен тест но задржани на болничко лекување.
-Од болничките пациенти 30 се вакцинирани со две дози вакцина против Ковид-19. На кислородна поддршка се 30 пациенти, соопшти портпаролката на ЈЗУ Општа болница Велес, д-р Елена Левкова Ќулумова.
Во текот на денешниот ден во велешката болница примен е еден пациент и испишан од болничко лекување е еден пациент со еден негативен тест.
Стефани Манева