Сончево време со студени утра
Објавено на 29 октомври, 2021 во 09:17
Во утринските часови понекаде во котлините ќе има услови за појава на магла и ниска облачност, особено во јужните делови. Преку денот ќе биде сончево со слаб до умерен југоисточен ветер.
Ќе продолжи периодот на сончево време со студени утра. Понекаде во котлините во утринските часови ќе има услови за магла и ниска облачност, особено од понеделник. Во вторник се очекуваат врнежи од дожд проследени со засилен ветер.