Во Амстердам чамците ќе пловат сами, без никој да управува со нив (ВИДЕО)
Експертите од Технолошкиот институт во Масачусетс (МИТ) конечно развиле целосно автономни чамци. Пловните објекти не бараат кормилар, а веќе може да се видат во амстердамските канали.
Затоа, автономните чамци се уште една во низата атракции со кои може да се пофали Амстердам. Тие биле создадени под капата на проектот Roboat, а експертите на MIT брзо ги составиле првите прототипови.
Самоодните чамци се во изградба од 2015 година, а по шест години конечно се подготвени за пловидба. Користат GPS, лидар, камери, а функционираат и благодарение на внимателно развиените контролни алгоритми. Можат да превезат до пет патници, а единствен услов за качување е да не се плашите од иднината.
Робочамците се користат и за транспорт на стока, а попатно собираат и отпад. Тие се целосно електрични и лебдат со помош на батерија која може да издржи и до десет часа. Иднината презеде друго пристаниште.