Намален наталитетот, а зголемен морталитетот во третото тримесечје од 2021
Бројот на живородените деца во третото тримесечје од 2021 година, во споредба со истиот период од претходната година, е намален за 3.8 проценти и изнесува 5.065, додека бројот на умрените лица во истиот период годинава бележи зголемување од 30.7 отсто во споредба со истото тримесечје од 2020 година и изнесува 7.209 лицa, а од нив 14 се умрени доенчиња, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика, за природното движење на населението во Република Северна Македонија.
Со тоа природниот прираст изнесува 2.144, што значи дека за толку лица е помал бројот на живородените деца од бројот на умрените лица.
Бројот на склучените бракови во ова тримесечје од годината е за 11.7 проценти зголемен во споредба со истиот период од 2020 година и изнесува 4.398 бракови, додека според податоците на Државниот завод за статитика, добиени се 480 извештаи за разводите.