Победа на фудбалерите на велешки „Борец“на гостувањето во Битола
Совладана е екипата на ФК„Пелистер“ со два гола повеќе или со резултат 1:3.
Тоа претставува голема победа на фудбалерите на „Борец“ во дербито на дното. Во натпревар од 17 коло конечно стрелците проработија и постигнаа три гола. Освоени се три бодови со кои „Борец“ останува во трката за опстанок во Првата македонска фудбалска лига.
„Борец“ поведе во 24 минута со голот на Ѓоргиев, минута подоцна „Пелистер“ израмни со голот на Размоски. Во 59 минута ново водсво на „Борец“ преку стрелецот Ѓорѓевиќ. Конечниот резултат беше постигнт со голот на капитенот Ѓоргиев во 73 минута.
И на овој натпревар екипата ја водеше помошниот тренер Благој Лефков кој за Дума.мк рече:
-Голема победа во последен момент. Честитки до сите фудбалери кои одиграа максимално ангажирано. Добро е што стрелците беа ефикасни. И на други натпревар создававме шанси но денес беа присебни и стрелаа прецизно. Во нареднато коло го пречекуваме лидерот ФК„Шкупи“. Ќе се обидеме да стигнеме до нова победа со која ќе отвориме пат за опстанок во лигата.
Лазар Лазаровски