Регистрирани 1197 нови случаи на Ковид-19 и 12 починати лица

Објавено на 4 јануари, 2022 во 14:38

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа, се направени 7483 тестирања, а регистрирани се 1197 нови случаи на ковид-19: Скопје – 766, Битола – 94, Прилеп – 56, Кавадарци – 38, Велес – 31, Охрид – 24, Гевгелија – 23, Куманово – 18, Ресен – 16, Тетово – 15, Штип и Струмица – по 12, Кочани – 11, Кичево, Неготино, Крива Паланка и Радовиш – по 10, Делчево и Валандово – по 7, Струга и Богданци – по 5, Гостивар и Свети Николе – по 4, Македонски Брод – 3, Берово, Пробиштип, Демир Хисар, Крушево, Демир Капија и Дојран – по 1.

Регистриран e 331 оздравен пациент.

Во текот на изминатите 24 часа регистрирани се 12 починати лица: по 3 починати лица од Скопје (55г, 82г и 88г) и Битола (60г, 69г и 90г), 2 лица од Охрид (68г и 79г) и по едно починато лице од Прилеп (68г), Велес (68г), Валандово (41г) и Струга (88г). Пријавените лица се починати во болнички услови.

Досега во земјата се направени вкупно 1 619 276 тестирања на ковид-19. Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 227 168, бројот на оздравени пациенти е 213 505, на починати е 7996, а бројот на активни случаи изнесува 5667.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.