Фрлени утрово 8 м3 сол и ризла на коловозите и 250 кг сол на тротоарите во Велес
Ниските температури, утрово, предизвикаа голомразица по велешките улици и тротоари што претставуваа опасност како за пешаците така и за учесниците во сообраќајот. Вработените на Јавно комунално претпријатие „Дервен“ интервенираа со количина од 250 кг сол на тротоарите на најфрекфентните улици во централното градско подрачје.
Вработените во ЈП „Македонија пат“ соопштија дека интервенирале со 8 метри кубни ризла и сол на сите коловози на улиците во Велес што се под нивна надлежност.
Заштита од излизгување на возила е направена на улиците од влезовите во градот кон центар поточно од населба „Долни дуќани“,од автопат и експресен пат Штип – Велес, од населба Превалец кон центарот на градот. Поточно ризла и сол се расфрлени на коловозите на улиците „Димитар Влахов“, „8-ми семптември“, „Алексо Демниевски“, „Благој Ѓорев“, „Илинденска“, „Гоце Делчев“ и „Страшо Пинџур“. Исто така, Македонија пат фрлила ризла и сол на приодите кон ЈЗУ Општа болница Велес, железничката и автобуска станица во градот.
Од локалното јавно комунално претпријатие „Дервен“ и државното „Македонија пат“ соопштија дека во текот на наредните денови, за кога се најавени ниски утрински температури, ќе ја следат состојбата со тротоарите и коловозите. Исто така ќе продолжат со интервенции со цел да се обезбедат градските тротоари и главните сообраќајници со цел да се избегнат незгоди.
Стефани Манева