Почина маж од Ковид-19 во велешка болница, физикално пренаменето во ковид одделение
Починатиот маж е на возраст од 73 години, од Свети Николе. Во изминатите 24 часа во болницата се лекуваат вкупно 67 ковид пациенти. Од нив позитивни се 55 пациенти, четворица не се потврдени а има и осум негативни. На болничко лекување во изминатото деноноќие се примени тројца и испишани се шест пациенти.
-На кислородна поддршка се 21 ковид пациенти. Од инфективното заболување на Инфективно одделение се лекуваат 55, на Интерно Б оддел 12 и двајца пациенти се префрлени од Интерно на одделението за Физикална терапија, рече портпаролката д-р Елена Левкова Ќулумова.
Со 22 од вкупно 24 слободни легла на Одделение за физикална терапија приоритетно ќе се растеретува капацитетот на Инфективно но и се внимава на состојбата на Интерно одделение бидеќи секој сомнителен пациент штом добие позитивен резултат се префрла на физикална.
По најавата на омикрон варијантата и новиот бран во болницата се создадени тимовите на здравствениот персонал коишто овој и наредниот месец, февруари, ќе работат со ковид болните.
Убавка Јаневска