ЈКП „Дервен“ : Продолжува санацијата на тротоарите од бекатон коцки во Велес (Фото)
Вработените во Јавно комунално претпријатие Велес, денеска, повторно беа излезени на терен и продолжија со санација на тротоарите од бекатон коцки. Тие ги поправаат оштетувањата како и нерамнините на тротоарот на улица Благој Ѓорев, на потег од споменикот на Панко Брашнар до раскрсницата кај гимназија „Кочо Рацин“.
– Завршено е и обновување на зелена површина по изведба на градежни зафати на улица Благој Ѓорев, кај Касарна во Велес, известува ЈКП „Дервен“ преку својот фејсбук профил.
Инаку во текот на вчерашниот ден, била извршена санација на тротоари од бекатон коцки на потег од детско игралиште во населба Тунел до споменикот на Панко Брашнар. Вработените ги замениле скршените делови и ги прередиле со бекатон коцки нерамнините на тротоарите.
Од ЈКП „Дервен“ известуваат дека поправките ќе продолжат и во наредните денови во потег до стоковната куќа „НАМА“.
Стефани Манева