Почина жена од Ковид-19 во велешка болница

Објавено на 25 февруари, 2022 во 11:53

Пациентката била на осумдесет и осум годишна возраст со коморбидитети и ковид пневмонија.

Во ЈЗУ Општа болница Велес вкупно се хоспитализирани 26 ковид пациенти од кои 17 се потврдени позитивни, четворица се сомнителни и пет пациенти се со негативен тест но задржани на болничко лекување. На Инфективно одделение се лекуваат 21 и на Интерно Б одделение пет пациенти.

-Во изминатите 24 часа, примени се 14 пациенти од кои 12 се префрлени од Физикална- ковид одделението и двајца пациенти од Интерно Б одделение, соопшти портпаролката на велешка болница д-р Елена Левкова Ќулумова.

На кислородна поддршка се 16 пациенти.

Од болничко лекување испишани се тројца пациенти.

Стефани Манева

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.