Велешкиот афористичар „Коки“ со шест нови афоризми по повод 8-ми март
По повод утрешниот празник, 8-ми март, денот на жената, нашиот афористичар Никола Бошков „Коки“ подготви шест нови афоризми кои сигурно ќе го направат вашиот ден повесел и со кои им го честита празникот на сите дами.
-За празникот на своите сопруги, многумина луѓе ќе се чувствуваат празнично: џебовите ќе им бидат празни.
-Откако се појавија безброј ковод-сертификати, се уверивме колку е неверојатна нашата фантазија и оригиналност во изработката на фалсификати.
-Љубовта е единствената активност во која најголемите резултати се постигнуваат …лежејќи.
-Некогаш по патиштата луѓето ги ограбувале арамии-со пушки, а денес по автопатите-со енормни патарини.
-Брачните води се мирни се дотогаш, додека во нив ,одненадеж не се појави некој…гусар.
-Многуте навивачи, за жал, знаат многу повеќе што им прави сопствената екипа,отколку….сопругата.
Афористичар
Никола Бошков – Коки