Молери волонтерски ги бојадисаа буквите од постаментот на влезот во Велес

Објавено на 29 март, 2022 во 14:44

Даниел Ристовски, Љупчо Јовановски и Горан Јовановски, се велешани коишто денеска самоиницијативно ги бојадисаа буквите од постаментот со логото на Велес, поставен веднаш до кружниот ток на самиот влез во градот. Тоа го сторија со цел да продонесат за заштита на урбаната опрема во Велес. Даниел Ристовски којшто по професија е молер, рече дека тој и неговите колеги преку оваа иницијатива сакаат да им покажат на младите сограѓаните дека треба да се чуствуваме општествено одговрни и заеднички да придонесеме урбаната опрема во градот да биде зачувана.

-Загрижени сме од се што се случува во последно време во нашиот град а го предизвкуваат младите преку нивното девијатно однесување. Така тие ја уништуваат урбаната опрема како што се клупи, фонтани и последно беше уништен летниковецот на „Вршник“. Тоа беше повод да дојдеме до идеја да поттикнеме иницијатива преку која ќе пренесеме порака до нашите сограѓани да ја чуваат урбаната опрема. Заедно со моите колеги, меѓу кои се и Ристе Јовановски којшто е присутен и Панче Тасевски којшто е оправдано отсуден, ние со сопствени средства ги набавивме потребните репроматеријали за работа и решивме да ги бојадисаме и заштитиме буквите од постаментот,  додаде Ристовски.

Овие велешани и претходно, во неколку наврати, на одредени локации во Велес ги репарирале клупите како дел од урбаната опрема но според нивните искажувања по неколку дена истите повторно биле оштетувани.

-Би сакале да ги поттикнеме младите сограѓани да го следат нашиот пример. Тие наместо да кршат, доколку забележат пред домовите или на било која јавна површина во градот оштетена урбана опрема истата да ја поправат. Зошто го велат тоа, затоа што урбаната опрема е купена од наши, пари на граѓаните, преку плакањето на комуналните такси. Од тие пари општината издвоила средства и ги набавила. Значи им се обраќам на малолетните граѓани од кои барам да размислат дека од платите на родители е купено се што потоа е ставено на располагање на граѓаните и затоа не треба да се уништува. Исто така ги повикувам сите заедно да сториме по нешто и да придонесеме за поубав Велес, додаде Ристовски.

Овие велешани во текот на наредните месеци имаат за цел повторно да го бојадисаат и летниковецот поставен на врвот од ридот „Вршник“, над Велес.

Стефани Манева

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.