Казнети седум велешани коишто не пропуштиле пешак на пешачки премин
Објавено на 6 април, 2022 во 12:34
На подрачјето на Сектор за внатрешни работи Велес, во текот на вчерашниот ден, била спроведена акциска контрола за санкционирање на возачи коишто не даваат првенство на минување на пешаци на пешачки премин.
Од Министерство за внатрешни работи информираат дека за време на акцијата, од 12:00 до 17:00 часот биле констатирани и санкционирани девет прекршоци од кои седум во Велес и двајца во Кавадарци.
Стефани Манева