Укинувањето на задолжителното носење маски, не значи дека пандемијата е завршена, велат надлежните

Објавено на 8 април, 2022 во 09:47

Деновиве Главниот координативен кризен штаб се очекува да ги разгледа препораките за олабавување на ковид мерките на Комисијата за заразни болести, а потоа да бидат усвоени на следната владина седница.

Новите препораки кои се во насока на олабавување на рестрикциите според надлежните , не значат дека пандемијата е завршена.

Укинување на мерката за задолжително носење на маски во затворен простор со исклучок на здравствените установи, домовите кои згрижуваат постари лица, аптеките и јавниот превоз, како и укинување епидемиолошкото следење на контактите и последователната препорака за изолација на контактите, се препораките кои на последниот состанок ги донесе Комисијата за заразни болести.
Досега во земјата се направени вкупно 1.976.805 тестирања на КОВИД-19. купната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 307.344, бројот на оздравени пациенти е 296.574, на починати е 9.236, а бројот на активни случаи изнесува 1.534

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.