Од удар на гром запален стан во Велес (ФОТО)

Објавено на 1 мај, 2022 во 15:20

Запален е стан што се наоѓа на улица „Никола Карев“ во Велес. Громот го погоди најгорниот кат од зградата со број 3 и предизвика пожар. Интервенира и екипа на Територијалната противпожарна единица.

На лице место е екипа на Итна помош на ЈЗУ Здравствен дом Велес.

-Од вдишен чад интервениравме на две лица кои по моментот на ударот на громот од пожарот вдишиле чад. Нивната здравствена состојба не е тешка. Сепак ќе ги транспортираме до Итна медицинска помош, рече д-р Васе Панова Поп Стефанова портпаролка на Здравствен дом Велес.

Електричното празнење проследено со силен татнеж силно одекна во Велес. Се слушна и во центарот на градот.

Убавка Јаневска

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.