Продолжуваат преговорите помеѓу СОНК и МОН

Објавено на 6 мај, 2022 во 09:56

Продолжуваат преговорите помеѓу СОНК и Министерството за образование за платите на просветните работници.

Претседателот на СОНК, Јаким Неделков, тогаш рече дека на состанокот биле дискутирани, анализирани и аргументирани сите прашања врз основа на нивните барања.

-Заврши рундата на преговори со МОН, под покровителство на помирувач. Сите прашања кои се отворени, врз основа на нашите барања беа дискутирани, анализирани, аргументирани од двете страни. Преговорите продолжуваат во петок кога очекуваме и конкретни одговори на нашите предлози, информираше Неделков.

Минатата недела штрајкот на вработените во образованието беше ставен во мирување.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.