Вистински летен маникир: Тонови на силното сонце и прекрасното море
Објавено на 18 мај, 2022 во 12:22
Инспирирани од летното сонце и разните понуди за годишниот летен одмор кои секојдневно ни се нудат, ви претставуваме атрактивни варијанти и комбинации на маникир кои на вашиот стил ќе му додадат визуелен штит.
Деновите на лежерни моменти се во тоновите кои го обожаваме. Морската нијанса вклучува не само прекрасна сина, туку и тиркизни пигменти.
Во игра е и сончевата жолта боја, од пастелна до неон варијантата. Во предвид доаѓаат и варијантите со флорални мотиви, како и оние со палми и слични нешта кои потсетуваат на тропските дестинации. Погледнете ги нашите предлози: