Хемороиди алтернативно лекување – исхрана (аудио)
Спречето го запекот со исхрана што го снабдува организмот со растителни влакна. Оброците и ужините треба да се состојат главно од овошје, зеленчук, ореви и интегрално жито, а што помалку од прехрамбена храна и месо. Ако не можете да јадете ваква храна доволно , дополнете ја вашата исхрана со средства за омекнување на изметот како што се препаратите врз основа на тегавец или слични средства за подобрување на работата на цревата.
Избегнувајте средства против запек бидејќи предизвикуваат пролив што дополнително ги надразнува отечените вени!!!
Секој ден пијте најмалку осум чаши вода , а доколку трошите енергија повеќе ќе ви треба уште повеќе течности. Но имајте предвид дека не треба да се пие преголемо количество вода.
Контролирајте го трошењето на натриумот. Преголемото внесување на сол во организмот преку исхраната предизвкува задржување на течноста, а со тоа и отечување на сите вени па и на хемороидите.
Божана Ќулавкова