Сончево и топло, попладне нестабилно облачно со пороен дожд
Објавено на 27 мај, 2022 во 09:16

Времето денеска претпладне сончево и топло со слаб до умерен ветер од променлив правец. Попладне ќе има развој на нестабилна облачност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, локално во форма на невреме.
Под влијание на влажна и нестабилна маса денес попладне и за време на викендот времето ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат во форма на невреме со интензивен пороен дожд (за кратко време поголема количина), силни електрични празнења, силен ветер (над 70 км/час) и појава на град.
Во недела дневната температура ќе се намали за неколку степени.
