Неготинец претепал љубовница, жената се бори за живот
Рано утринава, околу 03:35 часот полициски службеници од Полициска станица Неготино го лишиле од слобода П.Н.(51) од Неготино, поради сомнение дека два часа претходно, во дом и нанел повреди, на четириесет и шест годишна жена со која бил во љубовна врска.
Осомничениот извршил семејно насилство врз жена со која претходно повеќе години живеел во вонбрачна заедница. Тој повеќе пати ја удирал со бокс во главата, а потоа ја турнал кон туш кабината во бањата. Оштетената паднала и се здобила со тешка телесна повреда од која западнала во коматозна состојба. По интервенција во Општа болница – Кавадарци, таа била итно пренесена на лекување во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ во Скопје.
За настанот е известен Јавен обвинител, а увид на местото на настанот извршила екипа од Полициска станица Неготино.
Надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот суд во Кавадарци поднесе предлог за определување мерка притвор за осомниченото лице, бидејќи оцени дека постои опасност тој да се даде во бегство за да го избегне кривичниот прогон.
„По документирање на случајот против П.Н. ќе биде поднесен соодветен поднесок,“ соопштија од СВР Велес.
Убавка Јаневска