Нестабилно време со пороен дожд, грмежи и ветер
Објавено на 12 август, 2022 во 09:23
Променливо облачно време, на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат во форма на невреме со интензивен пороен дожд, силен ветер, електрични празнења и појава на град. УВ индексот ќе изнесува 6.
До недела под влијание на циклонска активност времето ќе биде променливо облачно, на повеќе места нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално ќе има појава на невреме со интензивен пороен дожд, силен ветер, електрични празнења и појава на град.
Во текот на овој период се очекува на места да наврнат над 30 л/м2. Температурите ќе бидат во опаѓање и под просекот за овој период од годината. Од понеделник ќе настапи стабилизирање на времето.