Десет ковид пациенти хоспитализирани во велешка болница
Објавено на 1 септември, 2022 во 14:24
Во ЈЗУ Општа болница Велес вкупно се хоспитализирани 10 ковид пациенти од кои пет се потврдени позитивни на вирусот, двајца се сомнителни и тројца пациенти се со негативен тест но задржани на болничко лекување.
-Од болничките пациенти на Инфективно одделение се лекуваат девет и еден пациент се лекува на Невропсихијатрија. На кислородна поддршка се шест пациенти, соопшти д-р Елена Левкова Ќулумова портпаролка на велешка болница.
Во изминатите 24 часа на болничко лекување примени се двајца пациенти.
Инаку во велешка болница има слободни 17 болнички кревети за ковид пациенти.
Стефани Манева