Приведени тројца малолетници од Велес, краделе од паркирани автомобили
Објавено на 5 септември, 2022 во 10:04
Тројца малолетни велешани, вчера, биле затекнати при обид за да извршат кражба од паркирани патнички возила на улица „8-ми Септември“. Полициски службеници од Сектор за внатрешни работи Велес во 05:35 часот ги лишеле од слобода и им го одземале алатот со којшто требало да ги извршат кражбите.
Од Сектор за внатрешни работи Велес информираат дека лицата биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.
Стефани Манева