Сончево со локална облачност

Објавено на 7 септември, 2022 во 09:12

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец, поизразен долж Повардарието.

Минималната температура ќе биде во интервал од 9 до 17, а максималната ќе достигне од 23 до 30 степени.

Во Скопје времето ќе биде претежно сончево со слаб до умерен ветер од променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до 13, а максималната ќе достигне 30 степени.

Во следните денови ќе преовладува сончево време со мала до умерена облачност и со пораст на дневната температура.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.