МВР: 35 санкции за возење под дејство на алкохол
Објавено на 22 септември, 2022 во 12:34
Во текот на вчерашната вечер, во периодот од 20.00 до 01.00 часот спроведена е зајакната акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возила под дејство на алкохол на територијата на Република Северна Македонија, при што санкционирани се 35 возачи.
-Од нив, три на територијата на СВР Битола, 4 на територијата на СВР Тетово, шест на територија на СВР Скопје… При контролите констатирани се и 128 останати прекршоци, пишува во соопштението на МВР.
Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Се апелира до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.