Обука по прва помош за седумдесет ученици од ССОУ „Коле Неделковски“
Седумдесет ученици од прва и трета година од ССОУ „Коле Неделковски“ присуствуваа на обука за прва помош организирана од страна на велешкиот црвен крст. Целта е учениците да се стекнат со основни знаења по прва помош како вештина којашто може да значи многу во животно загрозуваќки ситуации.
– Срцево-белодробно оживување, третман на рани, скршеници, крварење. Сето ова го научија дел учениците од прва и трета година во училиштето. Обуката ја одржа Д-р Јадранка Мишкова волонтер со над 25 годишно искуство во организацијата. Во наредните денови иста обука ќе можат да слушнат и учениците од останатите класови, информираат од Црвен крст на РСМ – Општинска организација Велес.
Оваа обука е дел од кампањата „Првата помош спасува живот“ и целта е Црвен крст за неколку месеци да обучи околу 1000 млади лица на возраст од 12 до 18 години.
Стефани Манева