Општина Кавадарци бележи заштеда за струја од еден милион денари (видео)
Објавено на 27 септември, 2022 во 15:13
Фото-напонските централи кои се поставени на 10 институции, вклучувајќи ја и општинската зграда во Кавадарци ги даваат очекуваните резултати. Се бележи заштеда од еден милион денари за струја за само 40 дена, колку што се во функција, информираше денеска градоначалникот Митко Јанчев.
Тој најави дека и во наредниот период општината ќе инвестира во обновливи извори на енергија.
“Со овој начин на производство на електрична енергија, со искористувањето на сончевата енергија и намалување на емисијата на штетни гасови значително се придонесува за намалување на загадувањето и на животната средина“ – вели Доне Илов од секторот за животна средина при општина Кавадарци.
Ангел Данов