Претрес во Велес, приведено едно лице кај кое се пронајдени пиштол и муниција
Објавено на 13 декември, 2022 во 10:08
Министерство за внатрешни работи соопшти дека полициски службеници од Сектор за внатрешни работи Велес го лишеле од слобода триесет и седум годишниот А.П од Република Србија со престој во Велес.
При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени пиштол „Чешка зброевка“ калибар 7.65 мм и една рамка за пиштол со седум куршуми калибар 7.65мм.
Полициски службеници го лишеле од слобода вчера, во 15:50 часот. Лицето било задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Дума.мк