МВР: 114 казни за непрописно престигнување
Објавено на 31 јануари, 2023 во 11:00
Министерство за внатрешни работи спроведе засилена акциска контрола за санкционирање на возила кои непрописно престигнуваат на територијата на државата. За време на четири часовната акција којашто е спроведена вчера, 30 јануари, регистрирани се 114 возачи.
-Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта, велат од МВР.
Дума.мк