Лорд Стјуарт во посета на Македонија
Лорд Стјуарт ќе се сретне со претседателот Стево Пендаровски, премиерот Димитар Ковачевски, вицепремиерот за ЕУ прашања Бојан Маричиќ, министерот за надворешни работи Бујар Османи.
За време на посетата тој ќе се сретне и со клучни соговорници, граѓански организации и ќе посети локални културни знаменитости. Целта на посетата е да се потврди силната посветеност на Обединетото Кралство за евроатлантската интеграција на Северна Македонија, да се даде поддршка на реформите и да се зајакне стабилноста и безбедноста во регионот на Западен Балкан.
Оваа година Обединетото Кралство и Северна Македонија слават 30 години од воспоставувањето на билатералните односи. Обединетото Кралство останува близок партнер на Северна Македонија и силен сојузник во НАТО.
Дума.мк