МВР: 881 санкции за брзо возење
Објавено на 13 март, 2023 во 10:24
Во текот на вчерашниот ден, Министерството за внатрешни работи спроведе акциска контрола на територијата на Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 881 возач.
– Од нив 70 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а 14 возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволенота брзина. Притоа, 484 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 397 надвор од населено место, пишува во соопштението на МВР.
Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Се апелира до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заедничким да придонесеме за побезбедни патишта.
Дума.мк