Кај двајца велешани пронајдена марихуана
Објавено на 20 март, 2023 во 10:55

Полициски службеници од Мобилна единица за безбедност на сообраќајот на патиштата, вчера, два часа и дваесет минути по полноќ, на Штипска клучка, ги лишеле од слобода триесет и шест годишниот Љ.В и две години помладиот А.М.
-Кои биле со патничко возило, затоа што кај нив била пронајдена и одземена марихуана, пишува во соопштението на МВР.
По целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.
Дума.мк
