„Нарконон Балкан“: Зависноста од алкохол и наркотици се лекува, Ви ја нудиме нашата помош и поддршка
Во Македонија со години во пораст e бројот на млади адолесценти, а се спушта животната возраст кога се посега по првиот џоинт: се регистрираат случаи дури и деца на 11 – годишна возраст кои пушат марихуана.
Како што можеме да забележиме по парковите на поголем број градови има многу млади луѓе, па и деца, собрани во групи, кои имаат покрај себе повеќе шишиња пиво, вино како и „кока кола“, кои држат в раце и запалени цигари. Самите на своја рака не ретко прават и одредени комбинации на супстанци: алкохол и канабис, алкохол и кокаин, опијати со кокаин за зголемување на еуфорија и седативи и барбитурати. Во случај да бидат опијатите недостапни за нив, дел од младите применуваат седативи, алкохол и психостимулативни средства. Младите и децата, кои несвесно започнуваат да се „навлекуваат“ на алкохолот, се залажуваат дека „од една чашка не се станува пијаница“, и така го оправдуваат „доживеаното задоволство“.
Неконтролираното конзумирање на алкохол кај младите и децата почнува наивно, но секојдневно се претвора во тежок општествен проблем, со кој Македонија се повеќе се судира.
Се почесто слушаме за самоубиства на млади лица ,кои за жал паднале во замката на дрогата.
Голем број на зависници, а мало решение за зависноста.
Во Македонија постои Центар за рехабилитација, едукација и превенција од дрога и алкохол којшто е единствен на Балканот и се справува со физичката и менталната штета причинета во текот на дрогирањето.
Нарконон Програмата ја враќа личноста во првичната состојба во која таа се наоѓала пред конзумирањето дрога. Ја враќа комуникацијата, среќата и задоволството повторно да се живее и да се придонесува во општеството. Од криминалец и паразит, повторно ја враќа личноста да посегне по работа ,семејство и пријатели.
Нарконон Програмата е програма на природна база и не користи никакви дроги или лекови.
Постоиме 19 години и имаме спасено многу семејства кои сега се среќни и продуктивни.
Постои решение за ова лудило наречено зависност и се што треба да се стори е да се комуницира отворено за проблемот и да се бара соодветно решение.
Центар за рехабилитација од зависности „Нарконон Балкан“.
Мимоза Тодорова Геневски