Осумгодишно дете почина по напад од куче
Малолетник на осум годишна возраст од скопската населба Пинтија почина по напад на куче од расата англиски бул мастив. Несреќата се случила откако детето се приближило до дворот каде кучето било чувано од страна на приватен сопственик по што било нападнато.
По нападот со тешки телесни повреди веднаш е префрлено во Градската општа болница каде им подлегнало на повредите.
Според очевидци на местото на инцидентот доцна синоќа излезен бил јавен обвинител и екипи на МВР кои се обиделе да го заловат разбеснетиот миленик за кој сопственикот имал соодветна документација.
Од градската општа болница „Наум Охридски“ од Скопје за Телма информираат дека детето кај нив е донесено во безживотна состојба, направени се обиди за негова реанимација, но биле безуспешни. Во моментот кога било примено не дишело и немало срцева акција.
Информацијата ја потврдуваат и од МВР. Во нивното соопштение се вели дека вчера во 18:25 часот од ГОБ „Св. Наум Охридски“ било пријавено дека кај нив било донесен малолетник од Скопје, кој според пријавеното подлегнал на повредите како последица од напад од куче, сопственост на неговиот сосед Н.Г. Известен е јавен обвинител по чија наредба телото е предадено за обдукција и се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Дума.мк