МВР: 363 санкции за брзо возење
Објавено на 13 април, 2023 во 10:57
Министерството за внатрешни работи спроведе засилена акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 363 возачи.
– Од нив девет возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а едно возило се движело со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа 184 возила ја пречекорилe брзината во населено место, а 179 надвор од населено место, пишува во соопштението на МВР.
Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Се апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.
Дума.мк