Петре Жабев нов директор на велешкото хемиско училиште
Централниот регистар вчера го регистрираше дипломираниот професор по физичко и здравствено образование, Петре Жабев, за нов директор на ССОУ „Димитрија Чуповски“ во Велес. На Жабев, четири годишнио мандат официјално му е започнат од вчера иако Министерот за образование Јетон Шаќири го назначи на оваа функција со решение од 28 април, годинава. Тој е избран од училишниот Управен одбор за кандидат за директор а нему конкуренција му била в.д директорката Маја Хеско.
Професор Петре Жабев е надворешно решение за оваа фунцкија и на местото директор доаѓа од ООУ „Блаже Конески“ каде во изминатите 20 години беше професор по физичко и здравствено образование.
Назначувањето од страна на Министерот Шаќири следи откако му беа одземени надлежностите на градоначалникот на Велес, Марко Колев, да именува директор во ова средно училиште.
Стефани Манева