Во Велес има места за упис на над 380 првачиња
Во тек е уписот на првачиња во новата учебна 2023/204 година во Велес. Во сите основни училишта во градот, како и училиштето во Иванковци и Горно Оризари, родителите ги носат децата кај училишниот психолог и потоа ги запишуваат како првачињата.
Годинава во основното општинско училиште „Панко Брашнаров“ има 100 слободни места за упис на првачиња, во ООУ „Васил Главинов“ 180 слободни места, во ООУ „Св. Кирил и Методиј“ во централното и подрачното училиште можат да се запишат вкупно 100 првачиња и во ООУ „Блаже Конески“ ќе се прифатат сите деца коишто според местото на живеење припаѓаат на тој реон.
Исто така, уписот на првачиња е започнат и во ООУ„Стојан Бурчевски-Буридан“ во село Иванковци и во ООУ „Рајко Жинзифов“ во Горно Оризари. Уписот трае до 31 мај, годинава.
Стефани Манева