Во Чашка, во сабота „Галерија под отворено небо“
„Галерија под отворено небо‟ – Чашка е иницијатива на Драганчо Таневски, како локален интердисциплинарен уметник кој ја почувствува потребата за експонирање на ликовната уметност во Општина Чашка.
Со поддршка на „Центарот за современи уметности‟ – Скопје и „Фондација отворено општество Македонија‟ создадена е „Галерија под отворено небо‟ преку која директно уметниците ја носат уметноста пред граѓаните на Општина Чашка.
Уникатност на галеријата е тоа што излегува од рамките на затворените галериски простории и се вклопува во јавниот простор со цел да биде подостапна и по видлива уметноста.
Свеченото отварање на галеријата е закажано во населба Чашка, во сабота, на 3 јуни со почеток во 18 часот и пропратено со групна изложба на која учествуваат: Ана Трајковска, Сали Ертунч, Ана Спасова, Доротеј Нешовски, Сања Симоска, Бранкица Јордановска, Ѓоше Манчев, Ивана Самандова, Елена Димова Пантелиќ и Драганчо Таневски.
Таневски упати голема благодарност до изведувачот на дрвените паноа ТЗТД „Столар Зоки‟, ЈОУД Детска градинка ,,Бамби,, за одобрениот простор и до Општина Чашка и Совет на Општина Чашка за поддршката за промоција на првата групна изложба на „Галерија под отворено небо‟ – Чашка.
Дума.мк