Промовирана книгата „Касела“ на велешанката Снежана Пановска Луиќ
Нашата сограѓанка Снежана Пановска Лијиќ, која живее во Германија, но твори на нашиот прекрасен, македонски јазик, вчера, во Книжарница – кафе Збор, ја промовираше својата втора збирка поезија „Касела“.Стихозбирката содржи 43 песни поделени во повеке теми , љубовта и чезнеењето за старот Велес и чаршијата , татковината ,саканите личности и семјството.
Професорката Соња Карбева, којашто беше промотор на книгата рече дека во книгата се поместени грст на спомени кои не враќаат назад кога се негувале семејните вредности.
-Насловот на мојата рецензија не случајно гласи: Кога пее носталгијата и љубовта.Овие два мотива се двете вертикали околу кои се издигнуваат стиховите во поетската збирка ,,Касела” и се најверодостојниот зборовез на внатрешните копнежи, немири, но и радости и надежи на авторката Снежана Пановска Лујиќ. Иако живее далеку од својата татковина таа никогаш не престанала да ја сака и да пее за неа на својот мајчин, македонски јазик. Никогаш не престанала да верува ни во добрината и во љубовта како најблагородни човечки чувства. И’ посакувам уште многу поетски рожби и нови промоции, истакна Карбева.
Промотор беше и Љубомир Михајловски којшто е претеседател на Центарот за научна фантастика Визија, којшто е издавач на книгата.
Дел од поетските творби на Пановска Лијиќ прочитаа учениците од СОУ ,,Гимназија Кочо Рацин” : Ана Бошкова, Јана Пљокова, Јана Крајчев, Александра Чатмова, Мила Јовановска и Кристијан Мартинов.
Стефани Манева